Како да го регулирате нивото на холестерол?

40

Холестеролот е подобро да го спречите отколку да го лечите. Овие четири природни лекови можат многу да ви помогнат.

1. Започнете го денот со овесна каша со доста печени бадеми и малку лен

Комбинацијата од растворливи влакна и анти-инфламаторни омега 3 киселини го намалува нивото на холестерол, ЛДЛ и триглицеридите од 10 до 30 проценти.

2. Најдете време за јога и медитација

Во едно истражување е докажано дека мажите кои практикуваат вештини кои го ублажуваат стресот имаат за 6 до 25 проценти понизок холестерол.

3. Испијте чаша бело вино

Комбинацијата од етанол и антиоксиданти го намалува холестеролот и може дури и поволно да влијае на вашето срце.

4. Јадете целер

Целерот го прочистува црниот дроб, го намалува шеќерот во крвта и крвниот притисок, тој исто така користи и за чистење на организмот и зајакнување на нервите. Најдобро е да се јаде сиров.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.