Милиони луѓе ширум светот си го загрозуваат видот со пушење цигари, предупредуваат специјалистите.
Иако има јасна поврзаност, само еден од петмина пушачи се свесни дека пушењето може да доведе до слепило, покажа истражување на Здружението на офталмолози на Велика Британија.
Пушачите имаат два пати поголем ризик да го оштетат или изгубат видот во споредба со непушачите, велат специјалистите.
Причината е чадот од тутунот што предизвикува и влошува многу здравствени состојби на окото.
Чадот од цигарите содржи токсични хемикалии што ги иритираат и оштетуваат очите.
Тешките метали како олово и бакар може да се наталожат во леќата и да предизвика катаракт.
Пушењето може да ги влоши проблемите со видот предизвикани од дијабетес бидејќи чадот ја оштетува ретината на окото.
Пушачите имаат три пати поголем ризик да развијат дегенерација на видот и да ја изгубат способноста да читаат и гледаат ситни детали.
Исто така, кај пушачите има 16 пати поголема веројатност да се јави ненадејно губење на видот предизвикано од оптичка невропатија, што се јавува кога се прекинува снабдувањето со крв до окото.