Научниците потврдија зошто попладневното спиење е добро за здравјето

За сите спијачи

Одлична вест за оние кои сакаат попладне да се опуштат…

Попладневното спиење е добро за здравјето, открила грчка студија спроведена во болница на 212 пациенти со висок крвен притисок. Истражувачите дошле до заклучок дека попладневниот сон го намалува крвниот притисок и ризикот од срцев удар, што за сите попладневни спијачи е одлична вест!

Преку истражувањето било откриено дека оние кои спиеле во попладневните часови имале помал притисок по спиењето отколку порано.

“Попладневниот сон може да го намали крвниот притисок подеднакво како и другите промени во начинот на живеење”, изјавил д-р Манолис Калистратос, еден од авторите на студијата.

На пример. со намалување на употребата на алкохол и сол, крвниот притисок може да се намали за три до пет милиметри на живата (мерна единица за мерење на телесна течност), а пад на крвниот притисок за два милиметри на живата може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за десет проценти, велат експертите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.