Природна маска која ќе ви го освежи лицето

Лимонот е одличен сојузник кога женската убавина е во прашање.

Состојките од маската кои ќе ги прочитате во продолжение се одлична комбинација во борбата против ситните брчки и разните дамки на лицето.

Потребно е:

-лимонов сок

-две лажички сода бикарбона (содата е одлична за пилинг. Експертите советуваат дека со содата е добра и за пилинг за рацете).

Подготовка:

Промешајте лажичка лимонов сок со две лажички сода бикарбона. Мешајте додека не добиете бледо жолта паста. Намачкајте го лицето и вратот. Нанесената маска држете ја 15 минути. Користете топла, влажна крпа и избршете ја маската од лицето.

Со студена вода, затворете ги порите и потхранете ја кожата со крема.

Доколку имате проблем со проширени пори во маската наместо сода ставете изматена белка од јајце. Ефектот ќе биде неверојатен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.