Прејадување со калорична храна и слаба физичка активност според експертите се причина за порастот на дебели луѓе во Македонија!
Јадење брза храна, многу седење, а малку физичка активност според експертите за јавно здравство се дел од причините за зголемувањето на бројот на дебели луѓе во Македонија. По објавувањето на најновото истражување на Институтот за јавно здравје дека речиси 20 проценти од мажите и 17 отсто од жени постари од 18 години имаат вишок колограми за лекарите причините за ваквата состојба се и индивидуални и системски. Загрижувачки е и податокот дека секое трето дете има зголемена телесна тежина.
-Причините на индивидуално ниво се јадење храна со голема калориска вредност, а таа храна нема никаква нутритивна вредносат и секако слабата физичка активност, изјави д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје.
За да не станеме дебела нација од Институтот за јавно здравје се категорични дека треба да се превземат мерки и на локално и на централно ниво.
-Големо влијание има локалната самоуправа. Треба да внимаваат на околината која ја нудат за живеење на своите сограѓани, додаде д-р Спироски од ИЈЗ.
Инаку, според лекарите дебелината и лошата исхрана се поврзуваат со кардиоваскуларни, малигни заболувања и дијабет.
СТЕНД- Дебелината не е само проблем во Македонија, туку е и светски проблем. Најновото истражување на глобално ниво покажува дека од 1975 до денес бројот на дебели луѓе е згполемен за 10 проценти.