Преголема врева го оштетува срцето!

Функцијата на срцето може посериозно да се оштети ако сте премногу изложени на на секојдневната вообичаена врева, предупредуваат германски научници. Научниците од „Хелмхолц Зентрум Минхен“ објавија дека и вревата како ѕвонење на телефон може краткорочно да го зголеми бројот на отчукувања на срцето кај испитаниците. Наодите собрани од 110 возрасни лица кои биле испитувани го објави стручното списание „Environmental Health Perspectives“. Според истражувачите, веќе и звуците потивки од 65 децибели (нормален разговор или смеење) доведуваат да се забрза пулсот. Оваа појава била уште поизразена по изложеноста на посилна врева. Исто така се покажало и дека изложеноста на посилни звуци била поврзана со намалување на варијабилноста на срцевиот ритам. Претходните истражувања веќе го поврзаа намалувањето на варијабилноста на срцевиот ритам со зголемувањето на ризикот за срцев удар. Бројни поранешни студии веќе укажаа на поголеми изгледи за срцев удар кај лица кои редовно биле изложени на вревата на работното место.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.