Бубрезите се меѓу најважните органи во телесниот систем, тие ја филтрираат крвта, произведуваат хормони и апсорбираат минерали. Една од нивните најважни улоги е да се однесуваат како заштитници на телото од отрови затоа што ги елиминираат токсините и ги неутрализираат киселините. Овој мал орган дневно прочистува околу 200 литри крв.
Поради се што прават за нашето тело треба да ги чуваме, а ова се симптомите дека нешто не е во ред.
Болка во долниот дел од грбот – тоа се смета за еден од најчестите симптоми за болест на бубрезите. Може да се појави само на една страна, а обично е присутен додека спиеме.
Нафрланост, чешање и сувост – ова е исто така стандарден симптом дека нешто не е во ред со бубрезите.
Промени во уринарниот систем – бубрезите се одговорни за излачување мокрача, но доколку забележите некакви промени во неа тоа може да е знак за болни бубрези.
Оток на разни делови од телото – бубрезите се одговорни за отфрлање на токсините и течностите од телото, а доколку тоа не се прави редовно тогаш настануваат отоци. Затоа немојте да ги игнорирате.
Умор и слабост – оштетените бубрези го намалуваат произвдоството на хормонот еритропоетин кој го произведуваат бубрезите, а тоа доведува да се чувствувате слаби и изнемоштени.