Паметни биочувствителни тетоважи-нов метод за следење на нивото на шеќерот во крвта

Научниците работат на ново откритие, со кое ќе им го олеснат животот на дијабетичарите. Станува збор за паметни биочувствителни тетоважи, кои со промена на бојата, реагираат на промената на нивото на шеќерот во крвта.

Благодарение на иновативната боја за тетовирање, „сопствениците“ на паметните тетоважи, многу едноставно ќе можат под контрола да го држат и нивото на натриумот и pH вредностите.

– Дијабетичарите се осудени на секојдневна, редовна контрола која е инвазивна, бидејќи за да се измери нивото на шеќерот во крвта, мораат повеќе пати на ден да се боцкаат во прст. Затоа иновативната биочувствителна тетоважа, многу ќе им го олесни животот, порачуваат научниците од Харвард и Институтот за технологија од Масачусетс (МИТ).

Специјалната боја, која ја замислиле, во себе содржи хемикалии чувствителни на промените на нивото на шеќерот и натриумот во крвта, како и на pH вредноста на организмот.

На пример, кога нивото на шеќерот ќе се зголеми, бојата која е чувствителна на глукоза, ја менува нијансата од сина кон кафена. Ако се зголеми нивото на натриумот, бојата на тетоважата станува силно зелена под UV светлина. Ако алкалите ја менуваат својата вредност, pH сензорот реагира, па бојата се менува од виолетова до розева.

Паметните бои досега биле тестирани само на примероци на свинска кожа, а пред да се најдат на пазарот ќе мора да поминат и низ дополнителни тестирања за да се испита нивната трајност, прецизноста со која ги мерат промените на наведените параметри во крвта, како и евентуалните алергиски реакции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.