Овој чај е благодет за жените после 40-тата година
Топлиот чај наутро, наместо кафе, е одличен начин да се задржи младиот изглед на кожата. На возраст над 40 години хербалните чаеви се подобри отколку зелениот и мора да бидат дел од вашата утринска рутина.
Особено добар за вас е чајот од хибискус, кој во себе содржи витамини А, Б1, Б2, Ц, но и цинк и железо, како и природни алфа хидроксилни киселини кои се клучни за одржување на сјајна и хидрирана кожа.
Овој чај е исто така познат по своите антиоксидативни својства, кои ја задржуваат еластичноста на кожата и се потребни за да го задржат нејзиниот оптимално здрав изглед.