Овие промени на кожата се симптоми на сериозни забалувања

Следете внимателно

Кожата понекогаш може да ви даде одговори на многу прашања поврзани со вашата здравствена состојба.

Таа често ни праќа знаци, кои ние ги занемаруваме, а кои укажуваат дека можеби сме болни или имаме некакво нарушување.

Темна кожа на вратот, под пазувите, на препоните…

Ако кожата на овие места ви потемнела или е погруба, тоа може да биде знак на дијабетес или проблеми со штитната жлезда. Промените во бојата кои се појавуваат на места каде кожата се витка се типични за ризичната група од дијабетес тип 2.

Многу бледа кожа

Ако наеднаш забележавте дека сте бледи, можеби страдате од анемија, состојба во која телото не произведува доволно црвени крвни клетки. Причина за тоа може да биде нискиот внес на железо или витамин Б12, но и генетскиот фактор.

Сувост

Ова е знак дека кожата ви е дехидрирана и дека треба да почнете да внесувате повеќе вода. Исто така, морате да го намалите внесот на кофеин и алкохол, кои пак освен што ја сушат, стимулираат и лачење повеќе масти за да биде навлажнета вашата кожа.

Акни околу уста и на брада

Нивната појава кај жените е симптом на сериозното нарушување наречено синдром на полицистични јајници, кое предизвикува и неплодност. Доколку покрај акните, забележувате и нередовност на циклусот, време е за посета на гинеколог.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.