Пиење само еден енергетски пијалок, во некои случаи може да го зголеми ризикот од срцев удар во рок од 90 минути, според една студија спроведена на Универзитетот Тексас во Хјустон.
Научниците откриле дека енергетските пијалаци ги стегаат крвните садови, што ја отежнува циркулацијата и го ограничува протокот на крв во виталните органи, вклучувајќи го и срцето, пренесува “Medical News Today”.
Веќе е познато дека енергетските пијалаци лошо влијаат на желудникот, нервниот систем и може да предизвикаат проблеми со срцето ако се консумираат во големи количини, но сега на листата на негативни ефекти се додаде и зголемен ризик од метаболички синдром.
За време на истражувањето, научниците пратеа 44 здрави студенти по медицина во своите дваесетти години, кои сите се непушачи.
Целта беше да се процени функцијата на ендотелот, слој на ткиво во внатрешноста на крвните садови, бидејќи на претходните студии на научниот центар “Sidars-Sajnaj” во истоимената болница во Лос Анџелес се покажа дека дисфункцијата на ендотелот е значаен индикатор за зголемен ризик од срцев удар, бидејќи во овие случаи артериите не можат целосно да се шират.
Експертите од Хјустон ја проверија функцијата на ендотелот на секој испитаник пред да пијат енергетски пијалоци, и 90 минути после тоа. Излегува дека по еден час и половина од пиењето на овие пијалаци, дијаметарот на крвните садови е половина од големината.
Научниците го поврзуваат овој штетен ефект со состојките на енергетски пијалоци, првенствено кофеинот, тауринот и шеќерот.
Една лименка енергетски пијалак содржи, во просек 37 грама шеќер (9 лажички) и 80 милиграми кофеин, што може да резултира со зголемено лачење на адреналин, што резултира со скок на крвниот притисок.
Статистичките податоци покажуваат дека во Америка, една третина од младите на возраст до 17 години редовно консумираат енергетски пијалаци, а едно истражување од 2017 покажа дека три лименки (960 милилитри) може во тинејџерските години да предизвика вртоглавица и аритмија кај 50 проценти од младите луѓе.