Оваа кафе лекува депресија – Состојките ги имате дома

Новиот рецепт за т.н. суперкафе е пребаруван дури 218 отсто повеќе отколку минатата година на Пинтерест.

Доколку напишете supercoffee на Пинтерест, ќе пронајдете рецепти кои предложуваат да додадете некоја супернамирница во вашиот омилен топол напиток.

За што поточно станува збор? Имено, доколку им веруваме на трендсетерите, повеќе не е доволно да пиете обично кафе, туку треба да го зачините со некоја намирница од вашата кујна. Во превод, збогатете го вкусот на кафето со кокосов шеќер, куркума или некој протеински прашок.

Од сите понудени додатоци, веројатно најдобрата опција е да посегнете по куркумата која е полна со антиоксиданси, го намалува нивото на шеќер во крвта, има антивоспалително дејство и помага во борбата против депресијата.

Доколку не пиете кафе, пригответе топол напиток од куркума – загрејте една шолја бадемово млеко во кое ќе додадете малку куркума, цимет и ѓумбир. По потреба засладете со мед.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.