Откриен нов тип на рак на белите дробови

Ги напаѓа и непушачите!

Научниците на Меѓународната агенција за истражување на рак, новите агресивни прототипови на белодробни карциноиди ги нарекуваат суперкарциноиди.

Идентификувани се нови поттипови на агресивни белодробни карциноиди, редок тип на белодробни тумори кои во овој момент не се поврзуваат со најчестиот фактор за ризик од рак – пушењето.

Со нагласување дека се неопходни понатамошни истражувања, научниците на Меѓународната агенција за истражување на рак го објавиле резултатот од своето истражување во соопштение во кое стои дека новите агресивни поттипови не се поврзуваат со пушењето.

“Пациентите со суперкарциноиди имаат послаби шанси да преживеат во споредба со пациентите заболени од други белодробни карциноми каде стапката е дури 76 проценти преживеани”, се наведува во соопштението на агенцијата која е во рамките на Светската здравствена организација.

Нивното истражување е понатамошно придвижување во, да кажеме, идентификацијата на поединечни тумори и проноаѓање на нивните молекуларни карактеристики.

Инаку, карциноидите на белите дробови сочинуваат околу пет проценти меѓу туморите на бели дробови и за нив нема терапија, односно се лечат као се откријат на време.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.