Освен за занимација пуканките се добри и за срцето!
Пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „Сент Џорџ“.
Пуканките освен што се добра занимација во кино, тие се одлични и за крвните садови, варење на храната и превенција од рак.
Многумина не знаат дека пуканките се житарки со полно зрно кои го намалуваат ризикот од срцев удар и рак, а само 30 грама од нив се исто толку добри како и дневна порција од интегрален ориз и интегрални тестенини, вели Кетрин Колинс, нутриционист во лондонската болница „Сент Џорџ“.
Пуканките содржат и трипати повеќе влакна отколку истото количество сончогледови семки, поради што не се чувствува глад. Освен тоа, го регулираат и нивото на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол ЛДЛ, а содржат и доза на витамин Б.
Истражувањето покажува дека вистинската здравствена придобивка од пуканките се крие во „изненадувачки големото“ количество на антиоксидантот полифенол кој ги уништува слободните радикали – штетни хемикали кои предизвикуваат болести како рак и срцеви проблеми.