Осум симптоми на рак на бели дробови

Може да се јават и кај непушачи

Доколку ги почувствувате овие симптоми, никако немојте да ги занемарувате!

Иако пушењето се смета за главен виновник во 85 отсто од случаите на рак на бели дробови, оваа опасна болест ги погодува и непушачите.

Повеќето пасивни пушачи, всушност, не се ни свесни за ризикот и кога ќе се појават првите симптоми, не ни помислуваат да одат на лекар.

Британските лекари во медицинското списание Royal Society of Medicine предупредуваат дека препознавањето на првите симптоми е пресудно за да се открие опасната болест навреме.

Дури и кога кашлицата е и поинтензивна од вообичаено, многумина мислат дека тоа е последица на настинка или воспаление, па не одат на детални прегледи.

Симптоми:
– Кашлица која не престанува ни по две до три недели;
– Кашлица која се влошува;
– Инфекции на градниот кош;
– Искашлување крв;
– Болка за време на дишењето и кашлањето;
– Честа задишаност, дури и без голем напор;
– Постојан замор и недостаток на енергија;
– Губење апетит и ненадејно губење тежина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.