Опасно предупредување – Не ја затворајте устата при кивање да не ви пукне дишникот!
Британски лекари предупредуваат да не се блокира протокот на воздух низ устата и носот додека кивате. Ова особено го потенцираат откако на 34-годишнен човек му пукнал дишникот откако ги затворил устата и носот за време на кивање.
Кивањето е неверојатно силна човечка активност, а воздухот го испуштаме низ устата и носот со брзина од 160 километри на час, според истражувањата на клиниката во Кливленд.
34-годишниот маж кој доживеал несреќа при кивање, бил сосема здрав и во добра форма, но започнал да се жали на болно голтање за време на јадење и драстична промена на гласот, известуваат лекарите.
“Откако се обидел да го спречи кивањето со притискање на носот и затворање на устата, тој почувствувал како нешто му излегува на вратот и потоа имал постојан оток”.
Оториноларинголозите побарале знаци на надворешни повреди и ја исклучиле можноста дека проголтал нешто остро пред да ја утврдат неговата состојба.