Одличен домашен лек за отечени нозе

Делува веднаш

Како резултат на зголемениот обем на течност во меѓуклеточните простори во одредени делови на телото може да се јават отоци. Ваквите промени најчесто се манифестираат во стапалата, а бидејќи бројот на луѓе кои се соочуваат со нив е голем, споделуваме успешно природно средство против отечени нозе.

Отекувањето на нозете може да настани од повеќе различни причини, како што е жештина, проблеми со крвните садови, пореметена работа на бубрезите, бременост, срцева инсуфициенција, хормонски пореметувања итн.

Овој проблем не треба да се зема „здраво за готово“, а најдобро е да се консултирате со лекар и да утврдите со сигурност што е конкретната причина која довела до отекување на долните екстремитети.

Народната медицина располага со широк спектар на различни природни средства против отоци, а многумина потврдиле дека едно од наефикасните средства е ова кое ви го презентираме во оваа содржина. Течноста која лекува се прави од магдонос и тоа од цело растение, а ефикасно ја исфрла непотребната течност од организмот.

Природен диуретик против отечени нозе

Состојки:

свежиот зелен дел од магдоносот (произволна количина )

корен од магдонос.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Добро измијте го и измелете го целиот магдонос. Тоа можете да го направите со машина за мелење месо или да го иситните на друг начин погоден за вас.
  2. Измелената содржина ставете ја во термос и прелијте ја со 500 мл вода која врие.
  3. Оставете да отстои преку ноќта, а утрото процедете го. Оваа количина ќе ви биде доволна да ја пиете во текот на еден ден, а најдобро да ја поделите во три дози. Природниов лек се пие 2 дена по ред, но за вториот ден треба да припремите нов. Направете пауза од 3 дена и повторно пијте 2 дена, по претходно споменатите препораки.

Веќе по 2 дена ќе почувствувате значајно подобрување на отоците во нозете и со леснотија ќе можете да ги облечите чевлите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.