Сите мислат дека е обична трева, а помага во бројни тегоби

Билка која расте буквално и на тротоар и на улица

225

Изненадувачки е колку малку всушност знаеме за храната која ја јадеме, а уште почудно е колку многу себеси сме си скратиле од бројните билки кои може да бидат освежување во нашата кујна.

Една од најзапоставените драгоцени билки е туштот, саминиклива коренска билка која расте скоро сегде во нашата земја, дури и на улиците и тротоарите. И додека повеќето ја корнат поради естетика, малкубројните знаат дека таа е благотворна и хранлива билка.

Тушт е горчлива и солена билка која често се користи во медитеранската и индиската кујна. Половина шолја тушт содржи повеќе од 1.000 IUs витамин А, што ja прави најевтината здрава храна на светот.

Се користел уште во Стариот Египет, од него во Европа се прават вкусни специјалитети, а единствено ние газиме по него, го корнеме и го фрламе.

За лек се користи надземниот дел во свежа состојба и тоа за намалување на крвниот притисок и шеќерот во крвта.

Во стари времиња се употребувало против глисти.

Туштот содржи витамин Ц, минерали, омега 3 масни киселини.

Туштот е особено добар за децата.

Оваа билка расте по бавчите, лозјата и по песокливи места.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.