Одете на лекар и проверете си го здравјето доколку постојано ви студи!

Пореметување на работата на штитната жлезда

Доколку секогаш ви студи, можеби страдате од хипертиреоза – вашата штитна жлезда не функционира како што треба, односно не лачи доволно хормони. Последица на тоа е забавување на метаболизмот и неможност на телото да произведува доволно топлина.

Анемија

Ниското ниво на железо во крвта е најголемата причина поради која постојано сте зиморливи. Железото им помага на крвните клетки да го пренесат кислородот низ телото односно да ја спроведат топлината и хранливите состојки кон сите негови делови.

Лоша циркулација

Студените стопала и раце укажуваат на лоша циркулација и проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Недостаток на сон

Еден од симптомите на недостаток од квалитетен сон е токму чувството на студ низ целото тело. За среќа, овој симптом лесно се лечи – штом ќе се наспиете, повеќе нема ви студи.

Недостаток на витамини

Витаминот Б12 има голема улога во намалување на зиморливоста. Тој е задолжен за производство на црвените крвни зрнца кои помагаат во спроведување на кислородот низ телото.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.