Од што почина 2,5 годишното девојче во охридската болница?

И по девет дена од трагичниот настан, се уште не е познато која е причината за смртта на 2,5 годишната Анастасија која почина во болницата во Охрид.  Охридското обвинителство се уште го чека извештајот од обдукцијата по што треба да одлучи дали ќе има обвинителен акт против медицинскиот персонал кој бил дежурен ноќта.

Телоп -Во надлежното Основно јавно обвинителство Охрид не е пристигнат обдуктивниот протокол од починатото дете. Обвинителството има отворено предмет и во негови рамки се преземаат дејствија за расветлување на причинско последичната врска за настанатата смрт.

Обдукцискиот извештај го чека и Комисијата која веднаш по обелоденување на случајот ја формираше  Министерството за здравство. И додека надлежните истражуваат што се случило на 27-ми август во охридската болница, Сител неофицијално дознава дека најверојатно има пропуст во медицинскиот третман бидејќи на девојчето не му била направена ниту основна крвна слика која покажува дали има вирусно или бактериско заболување. Според официјалните податоци од болницата, дежурните лекари на малата Анастасија првично и констатирале вироза и по дадеената терапија состојбата и била подобренња и ја пуштиле дома. По неколку часа девојчењто било повторно донесено во болницата без срцева акција во бесознание и со проширени зеници. Ја реанимирале повеќе од еден час но без успех. Министерот Таравари најави дека ќе бара одговорност доколку е направена лекарска грешка. Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ бара некој да одговара и за претепувањето на пациент на Клиниката за кардиологија кој бил нападнат од посетител.

Пациент беше претепан во сред болница. Што е следно? Граѓаните веќе не само што треба да стравуваат за своето здравје поради неспособноста на кадрите на СДС и нивните погрешни политики, сега ќе треба и да се плашат кога ќе отидат во некоја болница некој крвнички да не ги претепа, изјави Марија Андонова од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите од клиниката, посетителот го искористил отсуството на портирот и влегол во болничката соба каде и го нападнал пациентот. Од Кардиологија најавија дека сами ќе ангажираат приватно обезбедување за да ги заштитат и вработените и болните.

 

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.