Ново насилство врз здравствени работници – Нападната докторка во ГОБ 8 септември

Нов напад врз белиот мантил. Група од 5-6 лица синоќа го турнале обезбедувањето и насилно влегле на одделот за Интензивна нега во ГОБ 8-ми септември, по веста дека починал член од нивното семејство. За вербалниот инцидент со дежурниот персонал веднаш била повикана и полиција. По пристигнување на службениците на МВР роднините го зеле телото на починатиот, кој бил во болница само 9 часа и го хоспитализирале во многу лоша здравствена состојба.
-Точните причини не се знаат, нема конкретно нешто, меѓутоа самата вест дека некој близок починал некои го доживуваат и поинаку. Тие насилно влегле, обезбедувањето одело по нив и веднаш повикало полиција, вели Христијан Костов директор на ГОБ 8-ми септември.
Според законот, мора да биде направена обдукција кај секое лице кое ќе почине во рок од 24 часа по прием во болница. Од 8-ми септември велат дека тоа го побарале и за пациентот кој починал синоќа.
-Беше побарана обдукција, но тука беше полицијата и тие во согласност со судските инстанци понатаму одлучуваат дали тоа треба, вели Костов.
Инцидентот го потврдија и од МВР од каде велат дека е поднесена прекршочна пријава против 40 годишно лице кое синоќа вербално ја нападнало лекарката од Интензивна нега. Директорот на болницата велит дека вакви напади се стрес за здравствените работници и очекуваат да добијат и дополнително обезбедување како што најавуваа надлежните. Костов со објаснување дека утринава немало никаков протест пред неговата канцеларија, туку ги повикал дежурните да разговараат за случајот.
По честите напади врз медицинарите изминатиот период, минатата недела имаше и протест на белите мантили преку кој кажаа дека е доста за насилсто и побараа полициско обезбедување во здравствените установи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.