Несакани последици од пиењето на антибиотици, а кои не сте ги знаеле!
1. Габична инфекција
Антибиотиците ја менуваат животната околина на бактериите во нашето тело, па стануваме поранливи на габични инфекции. Инфекцијата може да се појави во устата, на кожата или под ноктите. Доколку примате долга терапија со антибиотици, прашајте го вашиот лекар и за третман за габична инфекција.
Тетрациклинот може да ја промени бојата на забите кај деца помлади од 8 години. Ако бремена жена ги зема овие антибиотици, постои можност нејзиното дете да има проблеми со емајлот на забите. Неодамна научниците открија дека модерниот антибиотик доксициклин не ја менува бојата на забите кај возрасните. Но се разбира, земајте го само ако ви е препорачано од вашиот лекар.
Треската може да биде предизвикана од многу нешта освен од антибиотици. Но, ако треската започнала веднаш по терапијата со антибиотици, можно е да имате алергиска реакција. Најверојатно таа ќе помине сама, но доколку ви се влоши состојбата веднаш посетете лекар.
4. Алергиска реакција
Еден од најопасните несакани ефекти е алергиската реакција. Во овој случај може да се појави осип, отоци на очните капаци, усните, јазикот, па дури и на грлото. Понекогаш во вакви ситуации пациентот се спасува со доза адреналин. Важно е да му кажете на лекарот за вашите алергии и да почнете да земате антибиотици од друга група.
5. Чувствителност на сонце
Некои антибиотици влијаат на чувствителноста на вашата кожа на ултравиолетови зраци. Ако сте премногу изложени на сонце додека ги пиете овие лекови, имате поголема шанса да изгорите. Најдобро е да не излегувате на сонце од 10 до 14 часот, да користите заштитна крема и да се покриете со облека.
6. Проблеми со срцето
Не се случува често, но антибиотиците можат да предизвикаат проблеми со срцето. Најчесто настанува аритмија или низок крвен притисок. Ако почувствувате нешто вакво, веднаш посетете го вашиот лекар.
7. Главоболка и вртоглавица
Главоболките и вртоглавицата се популарни несакани ефекти кај антибиотиците. Но, најчесто симптомите прекинуваат штом ќе завршите со терапијата. Ако главоболката не е премногу силна, можете да испиете апче за болка. Доколку не можете да ја поднесете болката, вашиот лекар ќе ви помогне.
8. Несакана бременост
Ако земате рифамицин, а истовремено пиете пилули за контрацепција, заштитата може да се намали. Со ова се зголемуваат шансите за несакана бременост. Другите антибиотици немаат толку силно влијание. Додека пиете терапија, користете и уште некое средство за заштита за време на однос.
Доколку земате антибиотици и забележите некои несакани ефекти, немојте сами да се справувате со нив и немојте да ги игнорирате. Веднаш посетете професионалец