Од понеделник во сите центри за јавно здравје во државата почнува вакцинацијата против грип!

77

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 5 ноември (понеделник) во центрите за јавно здравје низ државата.

Годинава првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, треба да платат 650 денари.

Обезбедени се вкупно 28.000 бесплатни дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година и уште 13 000 вакцини кои ќе бидат комерцијални..

Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Вакцината против грип е незадолжителна и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.