Нема да ви се верува од што се можете да добиете рак!
7-те нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак
Сите ги знаеме основите за избегнување на ракот – немојте да пушите, нанесувајте крема за сончање, избегнувајте црвено месо и држете се настрана од загадувањето на воздухот. Но постојат нешта што го зголемуваат ризикот од рак, но добиваат многу помалку внимание. Погледнете ги 7-те нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак.
1. Жежок чај
Пиењето чај можеби ви изгледа како здрав начин за справување со стресот, а зелениот чај може дури и да го намали ризикот од рак. Но, прво почекајте да се излади. Пиењето чај кој е речиси врел може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводот, барем според едно истражување од 2018-та година од Кина.
Во истражувањето учествувале околу 450.000 луѓе и истражувачите откриле дека оние кои обично пиеле врел чај, пушеле цигари и пиеле алкохол, имале 5 пати поголеми шанси да добијат рак на хранопроводот за разлика од оние кои не ги правеле овие работи. Екстремната топлина на чајот може да го оштети ткивото на хранопроводот, со тоа зголемувајќи ја штетата што ја нанесуваат чадот од цигарите и алкохолот.
2. Седење
Еден начин да го намалите ризикот од рак е да се движите. Физичката активност е поврзана со намалување на ризикот од некои од најчестите видови рак, вклучувајќи го оној на белиот дроб, дебелото црево и градите. Едно истражување покажало дека вежбањето го намалува ризикот од сите видови рак за 7%. Сепак, не е јасно како вежбањето го има ова влијание.
3. Голема висина
Повисоките луѓе имаат поголеми шанси да добијат рак за разлика од пониските. Истражување од 2018-та година открило дека секои 10 центиметри повеќе го зголемуваат ризикот од рак за 10%. Иако не е јасно како висината може да има влијание на ракот, истражувачите заклучиле дека најверојатно високите луѓе имаат повеќе клетки, па поголем број од нив можат да станат канцерогени.
4. Чад од скара
Летните скари не се толку невини како што изгледаат. Луѓето кои седат преблиску до скарата можат да ги апсорбираат штетните хемикалии од чадот. Овие хемикалии се канцерогени, или предизвикуваат рак. Истражувачите истакнале дека луѓето кои ги апсорбирале супстанците преку кожата имале помало ниво од нив за разлика од оние кои само јаделе месо, но проблемот е што ги вдишале. Најдобро е да ја покриете скарата или да се облечете повеќе.
5. Инпланти на градите
Според едно истражување, жените со одредени инпланти на градите можат да се соочат со редок вид лимфома. Овој вид рак не е рак на дојката, туку овие клетки потекнуваат од клетките на имунолошкиот систем. Сепак, целокупниот ризик е многу мал. Истражувачите пресметале дека од 7.000 жени што ќе си стават инпланти, само една ќе се соочи со болеста додека да наполни 75 години.
6. Алкохол
Наздравувањето можеби и не е толку добра идеја. Истражувачите процениле дека годишно 5% од новите случаи со рак и 6% од смртните случаи од рак се директно поврзани со консумирањето алкохол. Истражувачите нагласиле дека дури и умереното пиење може да го зголеми ризикот од болеста.
7. Преголема телесна тежина
Високата телесна тежина може да го зголеми ризикот од над 10-тина видови рак. Во едно истражување, луѓето кои биле дебели или со прекумерна тежина имале речиси двојно поголем ризик од рак на хранопроводот, стомакот, црниот дроб и бубрезите за разлика од луѓето со нормална тежина.
Што не предизвикува рак?
Па изгледа дека каде и да се свртите ќе најдете причина за рак. Но, имаме и добри вести. Истражувачите сметаат дека не постои врска помеѓу електромагнетните сигнали од телефоните и ризикот од рак. Во 10-годишно истражување кое беше објавено оваа година, истражувачите ги следеле ефектите на радијацијата со многу висока радио фреквенција врз ракот кај глувци. Заклучиле дека нема никаков доказ дека радијацијата со радио фреквенција е штетна за човечкото здравје.