Неколку навики поради кои изгледате постаро отколку што сте
Многу луѓе изгледаат постари од тоа што се, а за тоа во голема мера придонесуваат секојдневните активности.
На генетиката не можете да влијаете, но затоа можете да ги промените други фактори.
Претерувате со конзумирање алкохол
Алкохолот има голем број негативни влијанија кои речиси веднаш се гледаат. Поради него кожата станува дехидрирана, а тој предизвикува и црвенило и испукани капилари. Поради сето тоа може да изгледате постари од тоа што навистина сте.
Студија од 2019 година спроведена на повеќе од 2.300 жени покажува дека жените кои пиеле повеќе од осум пијалаци неделно имаат повеќе брчки, подрачјето под очите им било отечено, а губеле волумен во централниот дел на лицето.
Не пиете доволно вода
Ако не пиете доволно вода тоа може да доведе до дехидрација, што на лицето се манифестира со суви ситни брчки и подочници. Според последните истражувања, жените дневно треба да внесат околу 15,5 чаши течност, а мажите 11,5. Тоа вклучува вода, течност од храната и други пијалаци.
Пушач сте
Чадот од цигарите содржи стотина токсини, а пушењето ги суши крвните садови и ја намалува циркулацијата на кислородот, а со тоа и снабдувањето на кожата со хранливи материи. Сето тоа звучи како рецепт за предвремено стареење, а науката потврдува оти тоа е навистина така.
Студија спроведена на 79 парови близнаци покажа дека оние кои пушеле имаат изразени подочници, брчки околу усните и поопуштена кожа во пределот на образите.
Не користите крема со заштитен фактор
Ако кожата премногу ја излежувате на сонце тоа може да резултира со сувост и изгореници, а тоа не оди во прилог на младешкиот изглед.
Со тек на време, УВ зрачењето може да предизвика трајно оштетување и промени на кожата. За да го избегнете ова треба да нанесувате крема за сончање секој ден.
Јадете премногу шеќери
Колагенот и еластинот се две соединенија во кожата кои обезбедуваат таа да остане цврста и младешка. Шеќерот го поткопува сето тоа. Неодамнешна студија покажа дека кога луѓето консумираат големи количини на фруктоза и гликоза, тие се врзуваат за аминокиселините во колаген и еластин со што ги оштетуваат и го забавуваат природниот процес на опоравување на кожата. Не спиете доволно
Додека спиете, многу системи во телото се опоравуваат и се обновуваат. Недостаток на сон може да се забележи на лицето, а според едно истражување, кај жени кои спиеле добро, површинската бариера на кожата се обновила побрзо отколку кај оние кои не спиеле добро.