Истражувањата покажале дека луѓето кои спијат најмногу 6 часа дневно имаат за 3 цм поголем струк, од тие кои спијат 9 часа во текот на ноќта. Луѓето кои помалку спиеле имале повеќе килограми. Ова истражување го потврдило мислењето дека недостатокот на сон доведува до метаболички пореметувања, како што е дијабетесот.
„Број на гојазни луѓе се дуплирал од 1980 година до денес. Гојазноста доведува до бројни други болести, а најчесто се работи за дијабетес тип 2. Да се разбере зошто луѓето имаат вишок килограми е клучно за јавното здравје“- наведуваат во студијата.
„Индивидуално е колку сон и е потребно на секоја личност, но возрасна личност треба да ги почитува границите од 7-9 часа сон дневно, нешто кое многумина не го практикуваат заради брзото темпо на живеење“- заклучуваат истражувачите.