Научниците открија зошто некои луѓе не реагираат добро на вакцината
Научниците имаат одговор на тоа зошто вакцината против COVID-19 не делува кај некои луѓе.
Вакцините кои во моментов се одобрени за употреба имаат висока ефективност, но понекогаш имунолошкиот одговор на вакцината кај некои луѓе не се остварува. Нова студија на Универзитетот во Квинсленд го поврза метаболичкиот хормон лептин со лошиот одговор на антитела на вакцината.
И додека луѓето се загрижени за нуспојавите кои настануваат поради вакцината, научниците се повеќе загрижени за несоодветната заштита против COVID-19 кои некои луѓе ја имаат откако ќе примат вакцина. Експерти во Австралија истражуваа неколку реакции на вакцината против грип и вакцината против хепатитис Б и пронајдоа врска меѓу метаболичкиот и имунолошкиот систем која би можело да ги објасни чудните одговори на вакцината.
Научниците кои работат на многу понапредни техники во имунологијата, генетиката и биохемијата во оваа студија пронајдоа дека метаболичкиот хормон познат како лептин директно го промовира развојот и функциите на клетките кои се користат во имунолошкиот одговор.
Во основа, намалувањето на лептин го загрозува одговорот на вакцината и кај помладите и кај постарите луѓе.
Постојат начини за одредување на нивото на лептин што би било корисно во предвидувањето дали вакцината ќе произведе одговор на антитела.
Лептинот се создава од масното ткиво и интересно е што луѓето со прекумерна тежина имаат високо ниво на овој хормон, но често се соочуваат со полош одговор на вакцината. Научниците сè уште истражуваат, но веројатно е дека таквата реакција е предизвикана поради резистенција на лептин.
Послабите и здравите луѓе имаат многу подобри шанси да бидат соодветно заштитени со вакцинација. Исто така, тие имаат помалку шанси да починат од COVID-19, а вакцината кај нив обезбедува дури и посилна заштита.
„За вакцините е уште одамна познато дека имаат различен ефект на луѓето. Иако нашата генетика делумно придонесува за разликата, и другите фактори се неопходни. Кога сме во добра форма и сме здрави, имаме подобра ефикаснот од вакцината“, вели Ди Ју, главен автор на студијата.