Научници тврдат дека откриле лек за рак

Ефикасен и евтин

Дан Аридор, претседателот на компанијата наречена Accelerated Evolution Biotechnologies (AEBi) тврди дека нивниот лек ќе биде ефективен уште од првиот ден, неговите ефекти ќе траат неколку недели и ќе нема несакани ефекти или тие ќе бидат минимални. Истиот ќе чини значително помалку во споредба со останатите третмани на пазарот.

Лекот е наречен MuTaTo (“multi-target-toksin” кој таргетира повеќе цели) и ги напаѓа канцерогените клетки со неколку пептиди одеднаш – соединенија што содржат синџири на аминокиселини. Tокму овој напад „од сите страни“ се смета дека е клучот на ефикасноста на третманот.

Од компанијата велат дека на MuTaTo нема да влијаат мутациите на канцерогените клетки, бидејќи тој напаѓа три рецептори одеднаш, а не еден (како другите третмани), а дури ни канцерот не може да мутира три рецептори одеднаш.

AEBi овој третман го користеле да инхибираат раст на човечки канцерогени клетки во глувци, без тој да влијае на здравите клетки на животните. Комплетирани биле неколку ин-витро тестирања, а наскоро треба да започнат и клиничките тестирања.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.