Најчести симптоми за камења во бубрезите
Камења во бубрезите може да имаат различни симптоми, но може да се случи и воопшто да нема. Големи камења, кои го исполнуваат целиот канал не предизвикуваат тегоби и обично ги откриваат за време на патолошки проверки на урина. Но, помалите камења често покажуваат симптоми, бидејќи при движењето предизвикуваат болка или крв во урината.
Каменот кој се движи низ мочниот канал предизвикува многу силна болка во форма на грчеви, кои се интензивираат и може да бидат придружени со гадење и повраќање. Тоа обично започнува во слабината и се шири кон мочниот меур. Како превентивна мерка најдобро е пиење многу течност, околу 2,5 литри на ден. Не треба промена во исхраната додека не се утврди составот на каменот. На пример, исклучувањето на млеко и млечни производи, без одредување на составот дури може и да ја влоши ситуацијата. Експерти сметаат дека овој проблем е наследен, но не е познато со сигурност дали е предизвикан од генетски фактор, или диететски навики во одредени семејства. Но, едно е познато – лице кое еднаш имало камења голема е веројатноста повторно да добие.