На Пулмологија наредната недела ќе стартува новата метода за вадење тумор од бели дробови без операција!
Во понеделник на Клиниката за пулмологија ќе почне да функционира интерветната бронхоскопија. Тимот на лекари од клиниката на двајца пациенти ќе им извадат тумор од белите дробови без операција. Имало и други болни, но еден се откажал а другиот според дијагнозата бил ризичен за изведување на интервенцијата. Од Клиниката потврдуваат дека со примена на овој нов метод ќе станат референтен центар и за пациенти од Албанија и Косово.