На природен начин справете се со лошата миризба на нозете!
Габичките, особено во пределот на ноктите, можат да предизвикаат болки, но и непријатна миризба на самите стапала. Како да се решите од оваа непријатност?
Тајната е во оцетот, по можност јаболков. Јаболковиот оцет содржи високо ниво на калиум, а се користи за подготовка на разни јадења и салати.
Секако, оцетот е и одлично дезинфиционо средство, па наоѓа примена и кај наведениот проблем со габички.
Начин на подготовка:
Во леген растворете млака вода со јаболков оцет во размер 1:1. Можете да додадете и лажичка маслиново масло.
Потопете ги стапалата во легенот и држете ги околу 20 минути. Не ги мијте, до наредниот ден.
Повторете ја постапката за два дена.