Може да се искористи како лек

Не го фрлајте кочанот од пченка

Сите знаете што е ова на сликата. Има разни називи: кочан, клас, кучен… дополнете.

Порано, во долгите зимски ноќи, луѓето ја ронеле пченката, а овие остатоци се фрлале во огништето и децата играле правејќи разни играчки.

Ова на фотографијата е „фенер“: Ако се фати за дршката горе, можел да се носи „фенерот“.

Меѓутоа, кочаните од пченката исто така, се користеле и како лек против кашлица.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кочани од пченка
Вода
Мед
Лимон

ПОСТАПКА:

Земете два кочани, ставете ги во ладна вода и ставете ги на оган да се варат 10-тина минути.

Потоа процедете ја течноста и пијте како чај.

Течноста има пријатен вкус и мирис, но за подобрување можете да додадете мед и лимон. Се пие топло трипати во текот на денот, до исчезнување на кашлицата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.