Министерот Филипче договорил едукации и за медицинските сестри во симулацискиот центар!

Министерот за здравство,Венко Филипче вчера одржал работна средба со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на која била договорена соработка на полето на едукации. Како што информираат од Министерството за здравство, остварена е заедничка соработка помеѓу Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и Здружението на анестезиолози за континуиран процес на обука и спроведување едукација за медицинските сестри која треба да се реализира во наредниот период. Овој континуиран едукациски процес ќе се одвива во соработка со Медицинскиот симулациски центар при Клиничкиот центар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.