Менструалните грчеви се болни колку и срцев удар!
Менструалните грчеви или дисменореја, според професорот Џон Гулиебад од Универзитетот „Колеџ Лондон“ се карактеризирани еднакво болни како и срцев удар.
Тој изјави дека неговите пациентки често грчевите ги споредуваат со болка во градите по инфаркт.
Некои истражувања покажуваат дека постои загрижувачка разлика помеѓу перцепцијата за болка кај женските и машките пациенти.
Мажите во просек чекаат 49 минути пред да побараат помош за болка, додека жените 65 минути, за истите симптоми.