Мени на исхрана за да ја победите анксиозноста

Докторката Ума Наидо, експерт за храна, но и психологија, неодамна напиша статија за моќта што ја има храната во лекувањето анксиозност.

Таа објасни дека иако здравата диета со голема количина вода и ниско ниво на кофеин е клучна, постојат одредени продукти што можете да ги консумирате. Еве го нејзиното мени:

– сè што е природно богато со магнезиум, како спанаќ, блитва, грав, интегрални житни растенија и ореви;

– сè што е природно богато со цинк, како што се школките, индиските ореви, џигерот, говедското месо и жолчката;

– лососот, кој е богат со омега 3-масни киселини;

– храна богата со пробиотици (кисели краставички, кисела зелка, кефир);

– шпаргли;

– сè што е богато со витамин Б (авокадо, бадеми…).

Докажано е дека овие продукти, ако редовно се консумираат, ги намалуваат симптомите на анксиозност.

Извор: Макфакс

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.