Медицински сестри учат како да постапат кога некој е во животозагрозувачка состојба!
Почнаа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби како прв чекор во континуираниот процес на едукација, информираат од Министерството за здравство.
На веб страницата на Министерството е објавено дека обуките следат по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на анестезиолози.
Во текот на оваа недела, како што се наведува, е предвидено со обуките да бидат опфатени 230 учесници.
Обуките се спроведуваат во соработка со Медицинскиот симулациски центар и предвидено е со договорената динамика да продолжат и во претстојниот период, согласно континуираните заложби за унапредување на знаењата и вештините на здравствениот кадар во јавните здравствени установи во државата, посочуваат од Министерството за здравство.