Мажите кои стануваат татковци на постари години можат да добијат внуци со аутизам!

Мажите кои стануваат татковци по 50-та година од животот имаат поголеми шанси да добијат внуци со аутизам, многу повеќе од мажите кои се одлучуваат да станат татковци во раните 20-ти години. Ова може да се случи дури и во 80 проценти, докажале тим на научници.

Според истражувањето е утврдено дека ризикот од аутизам за потомците во иднина кумулативно се зголемува низ генерации.

Експерти од Шведска, Англија и Австралија своите заклучоци ги изведоа по следењето на семејните стебла на 360.000 Швеѓани, меѓу кои имало и 6.000 аутистични лица.

Тие особено истакнуваат дека со ова истражување по првпат е утврдено и тоа дека животниот стил и некои избори на татковците и дедовците директно влијаат на потомството.

– Тоа секако не значи дека не треба да имате деца доколку сте се родиле кога вашиот татко бил стар, бидејќи иако ризикот се зголемил, секогаш е доволно мал за да не може да се смета за дефинитивно одредувачки за појава на болеста, соопштија научниците.

Во една студија која е објавена во август минатата година на Исланд, забележано е дека децата на повозрасните татковци биле под двојно поголем ризик кај нив да се појави некој вид генетски мутации кои можат да бидат причинители на аутизам и шизофренија.

Според прифатената дефиниција, аутизмот е „сложено пореметување во развојот на мозокот, кој го карактеризира слаба или никаква социјална интеракција и комуникација и ограничени и повторувачки обрасци во однесувањето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.