Од наглите промени на времето загрозени се и здравите лица!

Временски промени и драстичната разлика во температурата претставуваат голем стрес за организамот. Најзагрозени се хронично болните, но и оние без здравствени проблеми можат многу тешко да реагираат на наглите промени на времето и на промената на атмосферскиот притисок.
Здравите лица најчесто се чувствуваат малаксани и поспани, посочуваат лекарите. За полесно да се поднесат временските осцилации потребно е да се внесуваат доволно течности и исхраната на биде лесна, односно повеќе витамини. Се советува и умерена физичка активност.

Хронично болните треба да се придржуваат и до советите на своите лекари и редовно да земаат терапија, советуваат експертите.

Имајќи предвид дека метеоропатските реакции се јавуваат од четири до 48 часа пред самата промена на времето, на организмот му се потребни за прилагодување два до четири дена. Во тој период организмот се адаптира на неповолната фаза, за повеќе да не ја идентификува како негативна.

На оние чија психофизичка состојба значително им се влошува поради влијанието на времето, експертите им советуваат задолжително да ја следат биопрогнозата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.