Мажите кои не можат да направат десет склекови изложени се на поголем ризик од срцев удар
Мажи во средни години кои не можат да направат десет склека одеднаш имаат далеку повисок ризик од срцев удар и други срцеви болести, покажува едно најново истражување.
Мажите кои можат да направат повеќе од 40 склекови со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести за 97 проценти во наредните 10 години од животот, вели стручниот тим од Универзитетот Харвард.
Меѓутоа, способноста да направите меѓу 21 и 30 склекови значи дека сте изложени на една четвртина ризик од заболувања како коронарна артериска болест или срцева слабост. Меѓутоа, во секој случај ризикот е помал отколку кај оние кои не можат да направат ни 10.
Експертите објаснуваат дека склековите се подобар показател за идното срцево здравје од утврдените фитнес стадарди како трчање.
„Нашите наоди покажаа дека склековите може да бидат лесен и бесплатен метод што може да ни помогне во проценката на ризикот од кардиоваскуларни болести во речиси секакво опкружување. Изненадува фактот дека способноста да се изведат склекови е повеќе поврзана со проценката на ризик од кардиоваскуларни болести отколку тестот на лента за трчање“, вели Џастин Јанг, професот на Харвард.
Истражувањето било спроведено на повеќе од 1.000 испитаници – американски пожарникари на 40-тина години. Иако истражувачите се прилагодувале на различните возрасти и тежини на пожарникарите, успеале да најдат поврзаност меѓу бројот на направени склекови и долгорочното добро здравје.
Ова е прво истражување што покажува дека склековите може да бидат ефикасен тест за иден ризик од кардиоваскуларни болести, но независни стручњаци предупредуваат дека слични анализи треба да се направат и кај други групи на мажи кои се помалку активни од пожарникарите.