Една мајка од Австралија, која го води блогот „Finlee and Me“, сподели фотографија со светот за да испрати важна порака. Фотографијата всушност била рендгенска снимка од својот син.

– Знаете ли што се гледа на оваа снимка? Зрно грозје! Се заглавило денес во дишниот канал на мојот петгодишен син, напишала Енџела Хандерсон.

– Мораше да оди на операција за да му го отстранат зрното. Имаше многу среќа што дел од дишниот канал бил отворен, инаку можеше да заврши лошо, додала таа.

Енџела ги замолила родителите да бидат исклучително внимателни при давање храна на нивните деца.

– Ако се двоумите, едноставно пресечете го зрното грозје, шери доматот или слично, порачува таа.