Лекување на пролетни алергии на природен начин!
Пролетта за најголем дел од нас е вистинско задоволство, но сепак оние кои имаат пролетни алергии не се радуваат толку на оваа сезона. Од година в година бројот на луѓето кои страдаат од пролетна алергија се зголумува. Како да си помогнеме на природен начин?
Коприва
Копривата е позната по тоа што ја прочистува и обновува крвта. Содржи витамин К, каротен и кверцетин. Во борбата против пролетните алергии најдобро е да се конзумира како чај од коприва.
Мајчина душичка
Позната е по тоа што помага при проблеми со грлото и белите дробови, лечи кашлица, но мајчината душичка се покажа и одлична во борбата против алергиите. Одлична е во комбинација со чајот од коприва.
Домашн мед
Пчелите собираат нектар од цвеќињата и потоа од него се прави мед. На тој начин во телото внесуваме алергени. Со избор на домашен (а не индустриски) мед ќе ја намалиме алергиската реакција и ќе го подобриме имунитетот.
Прополис
Се покажа како природен антибиотик во борбата против алергиите. Пожелно е превентивно да се зема месец или барем половина месец пред да настапи зрелата пролет.