Лекари на раце носеле бебе во инкубатор до Детска, Брза Помош не можела да стигне до влезот!

Лекари вчера на раце носеле инкубатор со новороденче кое итно требало да биде примено во Клиниката за детски болести. Возилото на Брза Помош не можело да стигне до влезот поради непристапен терен од паркирани автомобили. Веднаш по него истиот проблем го имало и друго амбулантно возило кое превезувало дете со малигно заболување. Директорката на Детска ни потврди за случаите и вели дека не е прв пат пациенти да немаат пристап до ургентниот влез поради сообраќајниот хаос.

-Да се случува. Тоа се должи на несовесни возачи кои паркираат пред Клиниката а никогаш не знаете кога ќе дојде возило со пациент кој има итна потреба од прием, вели др. Кети Ставриќ, директор на Клиника за детски болести.

Но не само пред Детска, сообраќаен хаос има во цел комплекс. Загрозена е безбедноста на пешаците кои се движат низ клинички. Тротоарите станале паркинзи а пациенти се пробиваат помеѓу автомобилите.

-Не е добро како, пешаците над автомобилите ли да одат. Мора да одиме пешки а тој е опериран..

-Не е добро вака, мора да има решение. Еден час барање на паркинг, еден час излегување..тоа е, реагираат пациенти.

Дека сообраќајниот хаос во клинички е сериозна закана за граѓаните, сведочи и настанот од пред три дена кога повозрасна жена беше удрена од автомобил и заврши со скршеници.

-Од Министерството за здравство најавуваат дека од викендот ќе почнат со расчистување на просторот каде што беше стара гинекологија и подготвување на тереност за изградба на катна гаража. Планирале и проширувањ ена уличките низ клиниките за решавање на сообраќајниот хаос.

Министерот за здравство веднаш по стапшување на функцијата најави монтажна катна гаража за решавање на овој проблем. Но и по 10 месеци, нема ништо од ветувањето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.