Лек за притисок повлечен од 22 земји, може да предизвика рак

Лек за конторла на крвниот притисок и за превенција на застојот на работата на срцето „Валсартан АПИ“ е повлечен од 22 земји, вклучувајќи ја и Хрватска бидејќи содржи хемиска супстанца НДМА која потенцијално предизвикува рак, јавува „Си-ен-ен“.

Од фармацевтската компанија „Новартис“ која го произведува овој лек соопштија дека го повлекуваат лекот бидејќи не ги задоволува нивните високи стандарди.

Повлечени се 2.300 пратки лекови кои освен во Хрватска биле испратени во Германија, Норвешка, Финска, Шведска, Унгарија, Холандија, Австрија, Ирска, Бугарија, Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Франција, Полска, Литванија, Грција, Канада, Босна и Херцеговина, Бахраин и Малта.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.