Лани во Македонија само 44 татковци користеле породилно

Европската Унија воведува задолжително породилно отсуство од најмалку десет платени денови за татковците после пораѓањето на сопругите.

Привремениот договор постигнат меѓу советот и парламентот предвидува и најмалку 4 индивидуални месеци кои не смеат да бидат префрлени нна другиот родител. Но, сепак Унијата остава земјите членки сами да си одлучат колку време и мажите паралелно со жените можат да користат вакво боледување иако ова веќе од поодамна е пракса во многу европски држави. За разлика од Западот сегашниот македонски закон за работни одоси предвидува надоместок за отсуство од работа заради бебе или само за мајката или само за таткото.

Оваа можност досега ја користеле малку осигуреници. Во 2018 според податоците од ФЗОМ само 44 мажи биле на породилно. Најмногу 18 се од Скопје, 5 од Велес, 4 од Струмица.

Бројката е мала и претходните години. Во 2017, 79 татковци користеле ваков надоместок, во 2016 – 54, 2015- 29, 2014 – 14, 2013 – 16, 2012 – 19.

Разговарав со неколку татковци кои користеле породилно отсуство и се грижеле за новороденчето наместо сопругите кои морале да се вратат на работа. Не сакаа јавно да го споделат нивното искуство, но потенцираа дека на ваков чекор се одлучиле пред се од финансиски аспект и специфичната професија на нивните жени.

Колку за споредба во Исланд дури 95 проценти од мажите биле на породилно, во Шветска 85 отсто, а во Германија 15 насто.

Пред 10 години и во Македонија имаше иницијатива и татковците заедно со мајките 2 месеци по добивањето бебе да седат дома и да добиваат пари од државата, но поради антикризните мерки ова не се реализираше. Неофицијално во труд и социјала повторно подготвуваат измени во законот за работни односи, но засега нема конкретна информација дали и земјава ќе го следи примерот на многу европски држави и колку време и двајцата родители ќе можат да користат породилно и заедно да се грижат за новороденчето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.