Колку заштитните маски ве штитат од загадениот воздух? – Можат ли сите да си дозволат прочистувачи во домовите!

Дождот ја намали концентацијата на опасните ПМ честички, но проблемот со аерозагадувањето не е решен. Изминатите денови кога скопјани дишеа на шкрги поради енормно загадениот воздух, аптеките и продавниците за бела техника беа најпосетените објекти во градот. Сите бараат заштитни маски, прочистувачи на воздух и сушари за алишта. Маски за дишење со активен јаглен најчесто е една од препораките на лекарите и експертите, покрај останатите совети за заштита од загадувањето.

-Обични маски никако тие не штитат, маски со активен јаглен кои ги задржуваат опасните честички, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болница за белодробни заболувања кај деца во Козле

Затворениот воздух во Скопје не е многу поразличен од тој надвор и затоа мора маски, мора прочистувачи и секако она што мора е да почне примената на оние структурни мерки што зборуваме и постојано вергламе, вели проф. Др. Драган Ѓорѓев од ИЈЗ

Маските со активен јаглен ги препорачуваат и пулмолози, но со дополнување дека тие не се волшебни и граѓаните да не очекуваат многу. Во службата за Брза Помош каде секогаш први се јавуваат граѓаните кои имаат сериозни проблеми по здравјето од загадениот воздух,  ги препорачуваат нивните стандардни совети. Велат за маските сеуште нема научни истражувања кои стопроцентно ја гарантираат нивната ефикасност.

-Маските ги користат, но немаме докази дека тие се многу ефикасни бидејќи ги спречуваат поголемите честички. Затоа, треба да одиме кон она што знаеме дека е ефикасно и докажано а тоа е кога е многу загадено да не се излегува, кога веќе мора да излезат, да  се дише на нос бидејќи носот ма вакненца и ги сопираат честичките и одење надвор од градот, вели др. Оливер Алексовски од скопската Брза помош.

И додека едни без проблем купуваат прочистувачи, многу граѓани не можат да си го дозволат тој луксуз. Маските чинат од 100 до 1000 денари, додоека најевтиниот прочистувач на воздух е 10 000 денари.

Бесплатни маски за учениците најави Владата, како една од ургентните мерки кои беа донесени на седницата во петок. Тие ќе стапат на сила доколку во период од два дена за 4 пати е зголемено нивото на опасните честички над дозволената граница. Тогаш покрај маски, од работа ќе бидат ослободени и трудниците како и хронично болни, а ќе има и бесплатен градски превоз.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.