Колку пациенти постари од 100 години има во Македонија?

Во моментот во Македонија има најмалку 418 пациенти над 100 години. Повеќето се жени. Најмногу се од Скопје и околината, но стогодишници има и во селата и во помали градови низ државата. Сите имаат активно здравствено осигурување, покажуваат податоците од Мој Термин. 10 од нив годинава биле на специјалистички преглед. Имале потреба од интернист, рендген и лабораториски иститувања. Дел од нив се со хронични заболувања, а некои и многу ретко се јавуваат во ординациите на матичните.

Во последните 4 месеци на 20 лица над 100 години им била издадена терапија во аптека. Тие или нивни роднини за нив подигнале лекови за притисок и за смирување.

Од почетокот на годината до денес речиси половина македонски граѓани биле на специјалист. Според податоците од Мој термин за овој период од 4 и пол месеци биле издадени 915.300 специјалистички упати. Просечната возраст на пациентите е 47 години.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.