Две лица каснати од змии завршиле на Инфективната клиника во Скопје

1,225

Двајца каснати од змија мината недела завршиле на Клиниката за инфективни болести. Едно од нив било дете кое веќе го пуштиле на домашно лекување. Повозрасниот пациент се уште е на Инфективна, но лекарите велат дека не е во тешка состојба. Овие случаи не се поврзани. На змиите налетале во нива и веднаш биле препратени во Скопје. Покрај влечугите, топлото време предизвика и наезда од крлежи. Овој месец стотина граѓани побарале лекарска помош поради убод од овие инсекти. Шеесетина од нив третирале на Инфективна клиника а дел завршиле и во амбулантите на Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски и градската болница 8-ми септември.

– Доколку се види дека има крлеж, мора да се отстрани со пинцета, доколку се претпостави дека еден дел останал тогаш да се побара лекарска помош. Потребно е местото на убодот да се набљудува барем 30-тина дена и да се види дали има црвенило и дали тоа се шири по телото што може да сугерира на појава на некоја болест, вели д-р Александар Миќиќ, епидемиолог во ИЈЗ

Лајмската болест е најчестата инфекција што ја пренесуваат крлежите, чии симптоми можат да се јават и две до три недели по каснувањето. Годинава не е регистриран ваков случај во земјата.

Високата трева е идеално место за крлежи и змии. Лекарите со совет кога одите во природа да носите соодветна и светла облека и нозете и рацете да ви бидат покриени. при враќање дома задолжително да направите самопреглед.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.