Кој орган во човечкото тело е најдолговечен а кој најрано старее?

Не сите човечки органи започнуваат да стареат истовремено. Некои органи почнуваат да стареат порано, додека други се побавни, откриваат француските научници.

1. Белите дробови почнуваат да стареат на возраст од 20 години.

2. Мозокот, исто така почнува да старее на 20 години.

3. Кожата почнува да старее по 25 години, а мускулите го губат тонусот и силата на возраст по 30 години.

4. Градите на жената почнуваат да стареат на возраст од 35 години.

5. Коските губат квалитет по 35-годишна возраст, а забите од 40-годишна возраст.

6. Очите почнуваат да стареат од 40-годишна возраст, исто како и срцето.

7. Бубрезите и простатата почнуваат да стареат од 50-тата година.

8. Слушањето почнува да опаѓа од средината на педесеттите години, исто како и цревата.

9. Чувството на вкус и мирис започнува да исчезнува уште од 60-годишна возраст.

10. Гласот започнува да исчезува од 65 години, и се препознава по тоа што станува потивок и рапав.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.