Кои производи е подобро да ги јадете термички обработени!
1. Домат
2. Морков
Може и да го сварите и да го јадете свеж како меѓуоброк или како дел од салата, но хранливите состојки од морковот максимално се искористуваат ако е кратко пропржен на путер или ако се испече исто така со путер, а може и да се премачка со малку мед пред печењето.
3. Зелка
Зелката содржи калциум кој е корисен за вашето тело и добра количина се прима и преку свежиот производ. Сепак, кога зелката е сварена или печена, тогаш телото полесно го апсорбира калциумот и искористува поголем дел од него.
4. Праски
При процесот на конзервирање од праската се губат речиси сите хранливи материи, освен витаминот Ц, кој останува во теглата долго време по конзервирањето. Исто така, компотот од праски содржи и доволно фолна киселина.
5. Спанаќ
Здравствени придобивки има и кога се консумира свеж, но уште поголеми кога е зготвен. Свежиот спанаќ содржи фолна киселина, калиум и витамини Ц, Б2 и Б3, додека зготвениот има големи количини на витамини А, Е и Б1, но и протеини, цинк, калиум и железо.
6. Печурки
Со готвењето, хранливиот потенцијал на печурките речиси се дуплира. Содржат влакна, витамин Д и Ц, калиум, железо и фолна киселина.