Кои досегашни директори на клиники и болници ќе ги задржат функциите?

Во болничките кулоари овие денови најактуелна тема е кои лекари ќе станат идни директори на јавни здравствени установи. И додека едни сами очекуваат смена поради нивната политичка боја, има установи каде се шпекулира дека досегашните менаџери и понатаму ќе директоруваат. Дознаваме дека поради позитивните ефекти во работењето, Игор Кузмановски како директор на Клиниката за неврологија најверојатно ќе остане на оваа функција и во иднина. Од оваа клиника доаѓа и новиот министер за здравство Арбен Таравари. Директорксото место наверојатно ќе го задржи и Аспазија Софијанова како директор на Клиниката за детски болести. Извори за samozdravje.mk, велат дека во оваа група е и директорот на ГОБ 8-ми семптември Сашо Стојчев, кој досега и покрај големиот обем на работа остварувал позитивни резултати а не се плашел и да се спротистави на на надлежните кога е во прашање функционирањето на болницата. Се шпекулира дека директорското место ќе го задржи и Реџеп Селмани кој раковори со ТОАРУЦ (Ургентен, траума, КАРИЛ).

И додека едни без потресувања си седат на директорските столчиња, во многу клиники се уште актуелни директори веќе ги испразниле канцелариите а нивни колеги се “тепаат” чија да биде канцеларијата!

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.